Тенис

Утре ждрепка за Вимблдон

23.06.2022 21:06

Во отсуство на поради настаните во Украина суспендираниот светски рекет број 1 Данил Медведев и поради повреда на вториот на Ранг-листата Александар Зверев,позицијата прв носител на неофицијалното светско првенство во тенис му припадна на Новак Ѓоковиќ кој во моментов е трет на АТП листата. На спротивниот крај на ко-системот е Рафаел Надал како втор носител па во пресрет на утрешната ждрепка за првото коло јасно е дека дуел на двата великани на светскиот тенис е можен само во финалето, за разлика од парискиот слем Роланд Гарос каде што се сретнаа уште во четвртфиналето на турнирот...

Во отсуство на поради настаните во Украина суспендираниот светски рекет број 1 Данил Медведев и поради повреда на вториот на Ранг-листата Александар Зверев,позицијата прв носител на неофицијалното светско првенство во тенис му припадна на Новак Ѓоковиќ кој во моментов е трет на АТП листата. На спротивниот крај на ко-системот е Рафаел Надал како втор носител па во пресрет на утрешната ждрепка за првото коло јасно е дека дуел на двата великани на светскиот тенис е можен само во финалето, за разлика од парискиот слем Роланд Гарос каде што се сретнаа уште во четвртфиналето на турнирот.

Меѓу првите 5 носители што ќе се обидат да го запрат Ѓоковиќ во одбрана на трофејот од минатата сезона се и Руд,Циципас и Алкараз, додека кај тенисерките бројот 1 меѓу носителките е за Ига Швјонтек, а во топ 5 се и Контавејт, Жабер, Бадоса и Сакари. И додека на терените на Вимблдон финишираат квалификациите,а во истовреме и неколку турнири на трева како последна подготовка двајцата први носители настапуваат на егзибицискиот турнир во Харлингем. Добрата форма ја потврдија со победи против квалитетни противници. Ѓоковиќ во два сета го победи Феликс Оже Алиасим, додека Надал одлично се рехабилитирал по повредата на стапалото и без проблеми со 2-0 славеше над Стан Вавринка. Од квалификациите на Вимблдон и веста за елиминацијата на германскиот тенисер Филип Колшрајбер кој загуби од казакстанецот Кукушкин со 2-1 и на 39-годишна возраст најави крај на кариерата.

Интересно Колшрајбер е еден од ретките што може да се пофали со 2 победи над Новак Ѓоковиќ, а во кариерата во која освои 8 турнири бележеше победи и над Надал, Зверев, Мареј, Хјуит и над многу други тенисери од светскиот врв. Не на Вимблдон но набрзо светската тениска федерација ќе пробно ќе воведе ново правило односно ќе дозволи за време на натпреварите тенисерите да добиваат совети од своите тренери. Популарно наречено КОУЧИНГ новото правило веднаш наиде на осуда пред се од Ник Кирјос според кого АТП само легализира нешто што и досега се случувало, дека тенисерите кои немаат пари со себе да носат тренер ќе бидат во нерамноправна позиција но и дека се губи убавината на тенисот-играчот сам да ги согледа настаните на тереноит,а не да добива инструкции од тренерот.