Фудбал

Инфантино со закана кон домаќинот на СП

23.06.2022 21:16

Ако Катар не сака секому да му пружи гостопримство тогаш нема да биде организатор на светското првенство. Мундијалот е настан кој ги собира и е отворен за сите луѓе“-истакнал Инфантино на бизнис форумот во Доха по се почетните реакции од припадниците на ЛГБТ заедницата кои стравуваат за својата безбедност за време на мундијалот со оглед дека хомосексуалноста во Катар е забранета со закон...

Ако Катар не сака секому да му пружи гостопримство тогаш нема да биде организатор на светското првенство. Мундијалот е настан кој ги собира и е отворен за сите луѓе“-истакнал Инфантино на бизнис форумот во Доха по се почетните реакции од припадниците на ЛГБТ заедницата кои стравуваат за својата безбедност за време на мундијалот со оглед дека хомосексуалноста во Катар е забранета со закон.

Според првиот човек на ФИФА доколку Катар не се согласил да ги отвори вратите за сите посетители тогаш не би ја ни добил организацијата на светското првенство, согласен е дека мора да се почитува и локалната култура на земјата па за конкретни мерки прво ќе се разговара со властите и полицијата на земјата домаќин.