Тенис-Дејвис куп

Македонија подобра од Црна Гора

23.06.2022 21:24

По поразот со 2-1 од селекцијата на Луксембург денешен предизвик за нашите тенисери беше селекцијата на домаќинот Црна Гора и можност за рехабилитација. Така и беше. Слично по вчерашното сценарио Калин Ивановски го отвори дуелот со победа во два сета над Петар Јовановиќ, но црногорците израмнија преку Резарт Цунгу кој на Берк Бугариќ му препушти само 4 гема. Решаваше мечот во двојки кој Горазд Србљак и Калин Ивановски го добија со 2-0 (7-5,6-3)...

По поразот со 2-1 од селекцијата на Луксембург денешен предизвик за нашите тенисери беше селекцијата на домаќинот Црна Гора и можност за рехабилитација. Така и беше. Слично по вчерашното сценарио Калин Ивановски го отвори дуелот со победа во два сета над Петар Јовановиќ, но црногорците израмнија преку Резарт Цунгу кој на Берк Бугариќ му препушти само 4 гема. Решаваше мечот во двојки кој Горазд Србљак и Калин Ивановски го добија со 2-0 (7-5,6-3).

Вчера нашата Дејвис куп репрезентација против селекцијата на Луксембург дуелот го почна со победата на Калин Ивановски против Родеш со 2-1 во сетови, во вториот сингл меч Горазд Србљак загуби во два сета од Кнаф, по што во решавачкиот дуел во двојки Берк Бугариќ и Обрад Марковски беа поразени од двојката на Луксембург Кнаф/Родеш со 2-0,5-7 и 4-6 по сетови. Покрај Македонија,Црна Гора и Луксембург во Б групата на третата европска зона е и селекцијата на следниот противник Молдавија, додека во А групата се Кипар, Грузија, Ерменија и Лихтенштајн. Три најдобропласирани селекции ќе играат плеј-оф за пласман во втората европска зона, додека двете последни во групите ќе одат ранг пониско односно во 4-тата зона.