Фудбал

Пад од две места на листата на ФИФА

23.06.2022 21:43

На најновото рангирање на ФИФА македонската селекција денеска е на 64-тото место што е за две позиции полош пласман од претходниот ранкинг. Причина поразот од Грузија и ремито со Бугарија во Лигата на нации во која нашите фудбалери запишаа и две победи над Гибралтар...

На најновото рангирање на ФИФА македонската селекција денеска е на 64-тото место што е за две позиции полош пласман од претходниот ранкинг. Причина поразот од Грузија и ремито со Бугарија во Лигата на нации во која нашите фудбалери запишаа и две победи над Гибралтар.

Во секој случај одново сме пред нашите противници во групата, Бугарија која е на 74-тотот место, Грузија е 82-ра во поредокот,а Гибралтар дури на 201-то место. НА првото и натаму е Бразил пред Белгија,Аргентина забележа прогрес од едно место и е трета, а по неа следуваат Франција, Англија, Шпанија и Италија до 7-та позиција. Во топ 10 се и Португалија, Холандија и Данска.