Македонија останува во третата Европска група
Македонската тениска репрезентација успеа да обезбеди опстанок во Третата Европска група од Дејвис Куп натпреварување, откако по поразот од Моладавија од 2:1 денеска успеа да слави против Лихтејнштајн со 2:0...

Македонската тениска репрезентација успеа да обезбеди опстанок во Третата Европска група од Дејвис Куп натпреварување, откако по поразот од Моладавија од 2:1 денеска успеа да слави против Лихтејнштајн со 2:0.
Дуелот во Улцињ беше решен во сингл конкуренција, Бугариќ со 2:0 по сетови 6:2 и 6:0 го совлада Ерик Пепард додека Марковски со 2:0, по сетови 6:0 и 6:2 беше подобар од Андреј Спасојевиќ, и со ова Македонија дојде до победа од 2:0 над Лихтејнштајн.
Ова за Македонија беше втора победа во Групата Б по онаа над Црна Гора од 2:1. Првото место во оваа конкуренција го освои Луксембург.