САД
Патнички воз излета од шините и удри во камион во Мисури
28.06.2022 14:48
Три лица загинаа, а најмалку 50 се повредени откако патнички воз излета од шините и удри во камион во Мендон, Мисури. на раскрсницата каде што се случила несреќата не била поставена рампа...

Три лица загинаа, а најмалку 50 се повредени откако патнички воз излета од шините и удри во камион во Мендон, Мисури. Според локалните медиуми, на раскрсницата каде што се случила несреќата не била поставена рампа.
Возот на „Амтрак“ се движел од Лос Анџелес кон Чикаго и превезувал 243 патници и 12 работници.