Земјоделие

Катастрофални цени и пласман на струмичкото производство

28.06.2022 16:10

Ќе имаат ли нови главоболки земјоделските производители од југоистокот. Експертите велат, спасот е во организирано земјоделско производство и создавање на цврсти договори помеѓу земјоделците и откупувачите, до сигурен откуп на земјоделските производи...

Војната во Украина, неажурноста на институциите, високите цени на репроматеријалите се само дел од причините кон кои, Сојузот на земјоделски производители од југоистокот го вперуваат прстот за катастрофалните цени и пласман на струмичкото производство. Загрижува фактот велат од Сојузот што токму овие и низа други причини ќе доведат и до намалување на земјоделските површини, а Македонците ќе јадат се поскап зеленчук и овошје.

Струмичките земјоделци веќе навлегоа во вториот циклус на земјоделски производи кои генерално завршуваат во преработувачките капацитети. Но, разочараност има повторно. Несигурните цени и без договори веќе ги става во земјоделците во грч, дециден е Велков.

Спасот и понатаму останува во организираното земјоделско производство за земјоделците значи сигурен пласман, за откупувачите сигурна суровина и исполнување на договорите со странските партнери. Следејќи ги трендовите на понуда и побарувачка на светските берзи, земјоделците и откупувачите, преку договорното производство заеднички можат да го организираат производството, да направат план за потребните количини и квалитет, а со единствена цел да се спречи појава на вишок на земјоделски производи.

Стојне Митева