Медитерански игри

Нуров во битка за злато

27.06.2022 20:40

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров утре на медитеранските игри во Алжир ќе настапи во финалето и во битката за златниот медал за противник ќе го има Актурк од Турција, откако денеска супериорно победи во 4 борби...

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров утре на медитеранските игри во Алжир ќе настапи во финалето и во битката за златниот медал за противник ќе го има Актурк од Турција, откако денеска супериорно победи во 4 борби. Во категоријата до 97 килограми Нуров на стартот славеше со 13-2 над Мохамед Садуи од Тунис, потоа со туш го елиминира и домашниот борач Мохамед Фарџ, за одново во третата борба супериорно за 3 минути и 44 секунди да стигне до 10 поени без да му дозволи на противникот Панкорбо од Шпанија да освои ниту поен. Во полуфиналето Нуров со 6-1 беше подобар од Мостафа Елдерс од Египет.

За разлика од него Владимир Егоров во категорија до 65 килограми уште на стартот беше поразен до Ххфез од Египет со одлука на судиите, но успеа да мине преку репасажот и утре да се бори за бронзен медал во својата конкуренција. Кратко траеше настапот на Фати Вејсели кој во конкуренција на борачи до 74 килограми во првото коло загуби од Абделкадер Икар од Алжир со 3-2.

На татамито се појави и нашиот каратист Петар Спасеновски кој во конкуренцијата до 84 килограми на стартот загуби од Набил Ел Шаби од Мароко со 8-0.