Таеквондо

Бронза за Георгиевски во Оран

03.07.2022 23:25

Македонскиот таеквондист го совлада Ахмад Мохамед од Египет со 20-18 во првиот настап во категоријата над 80 килограми, а со тоа обезбеди полуфинале против Мароканецот Ајуб Басел. ..

Медитеранските игри во Алжир и натаму се најзначајната спортска содржина за нас.

Во парцијалните позитивни вести од Оран, најновата е дека Дејан Георгиевски освои бронза. Македонскиот таеквондист го совлада Ахмад Мохамед од Египет со 20-18 во првиот настап во категоријата над 80 килограми, а со тоа обезбеди полуфинале против Мароканецот Ајуб Басел. Но, со оглед на стомачните проблеми, сребрениот олимпиец од Токио не беше во можност да се натпреварува, ја предаде борбата и беше принуден да се задоволи со бронзен медал.

Тоа е трет за Македонија на 19-тите Медитерански игри по двата во борење на златниот Нуров и на бронзениот Егоров, а вкупно 14-ти во историјата на оваа манифестација. Во витрината за пехари, покрај медалот од олимпиското финале пред една година, Георгиевски има исто така сребро, од Медитеранските игри во Тарагона пред четири години.