Медитеранските игри

Два национални рекорда за Македонија во Оран

03.07.2022 23:47

Пливачот Андреј Стојановски беше дел од трката на 50 метри грбно, со нов македонски рекорд – 27 секунди и 71 стотинка, што е за три стоти делови од секундата побрзо од неговото претходно најдобро време. Сепак, тоа не беше доволно да оди натаму, туку заврши 17-ти во конкуренција на 18 пливачи во оваа дисциплина.

Покрај бронзата на Дејан Георгиевски, на медитеранските игри во алжирскиот град Оран настапија уште четворица македонски спортисти. Во денешниот македонско-египетски таеквондо двомеч, Сања Поповска загуби од Ашракат Дарвиш со 7-5 во тесна борба, па не успеа да влезе меѓу осумте најдобри. Пропадна и шансата за медал во атлетика, затоа што Андреас Трајковски доби ковид, а со самото тоа не учествуваше во скок во далечина. Но Дарио Ивановски заврши осми во трката на пет километри со македонски рекорд – 13.54.58, а тоа е значително подобро време од досегашниот рекорд на Стевче Георгиевски од 1982-ра.

Пливачот Андреј Стојановски беше дел од трката на 50 метри грбно, со нов македонски рекорд – 27 секунди и 71 стотинка, што е за три стоти делови од секундата побрзо од неговото претходно најдобро време. Сепак, тоа не беше доволно да оди натаму, туку заврши 17-ти во конкуренција на 18 пливачи во оваа дисциплина.

Иако е јасно дека немаме шанси да ја достигнеме посакуваната проекција од десет медали во Оран, многу пожива може да биде комплетната слика доколку ракометарите го освојат првиот македонски трофеј на медитеранските игри во колективните спортови. Составот на Кире Лазаров утре во полуфиналето ќе се сретне со секогаш силниот Египет, а Шпанија, која веројатно е прв фаворит, за противник ќе ја има Србија. Македонските ракометарки, пак, се во сегментот за пласман од 5-то до 8-то место во конечното рангирање, а утре ќе ги одмерат силите со Алжир.