Ватерполо

Шпанија ја детронизира Италија

03.07.2022 23:47

Шпанците третпат се светски прваци во ватерполо. Во финалето на Мундијалот во Будимпешта, „армадата“ ја совлада Италија со 15-14 по изведување пенали, а со тоа и се реваншираше за поразот пред две години во мечот за златото во Гвангжу...

Шпанците третпат се светски прваци во ватерполо. Во финалето на Мундијалот во Будимпешта, „армадата“ ја совлада Италија со 15-14 по изведување пенали, а со тоа и се реваншираше за поразот пред две години во мечот за златото во Гвангжу.

Со денешната победа, Шпанија воспостави рамнотежа во меѓусебните дуели, сега е 9-9, па по 1998-ма и 2001-ва, повторно е прва ватерполо нација. И покрај поразот, Италијанците се рекордери со четири светски пехари, последниот во 2019-тата.

Бронзата ја освоија Грците по триумфот над двократниот светски првак Хрватска со 9-7.