Украина на работ на граѓанска војна

14.04.2014 11:07

Хаос на истокот од земјата. Истекува рокот кој властите во Киев им го дадоа на проруските демонстранти да ги ослободат административните згради

 Во меѓувреме, жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите. Медиумите јавуваат за жртви и повредени од двете страни. Советот за безбедност на ОН вчера одржа вонредна седница  по барање на Русија, откако Киев најави дека ќе превземе радикална акција. Москва повика да почне „вистински дијалог“ меѓу двете страни.

„Некои луѓе не сакаат да видат што точно се случува во Украина и за се ја обвинуваат Русија“, вели Виталиј Чуркин руски амбасадор во ОН.

„Видовме дека демонстрантите не се мирни тие сакаат да предизвикаат хаос во земјата, тие се теористи кои употребуваат  оружје против законите во Украина“, рече Јуриј Сергеев украински амбасадор во ОН.

Поранешниот претседател Јанукович, одржа прес конференција во Ростов на Дон.

„Крв се проела на улиците на нашата земја. Се соочуваме со сериозна криза.Нашата земја се наоѓа во една сосема нова ситуација - со едната нога е во граѓанска војна. Се почна со група националисти кои на Мaјданот се обидоа да ја наметнат својата воља на населението, но тогаш ние не применувавме сила. Мора да се одржи референдум кој ќе ја спаси земјата од распаѓање“, изјави Виктор Јанукович поранешен претседател на Украина.

Меѓународната заедница загиржена за состојбата.

„Нас не испратија во различни делови од земјата за да видиме што точно се случува и да помогнеме доколку сме во можност. Но, не можеме да се мешаме во внатрешните разботи, луѓето сами мораат да го најдат решението по мирен пат“, вели претставник на ОБСЕ од Полска.

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија, под водство на високата претставничка Кертин Ештон, денеска во Луксембург ќе разговараат за ескалацијата на состојбата. Се очекува Министерскиот совет да ја прошири листата на руските функционери на кои ќе им биде забрането патување во земјите од ЕУ..  

 

Марија Петковска