Украина

Ново оружје од Вашингтон за Киев

09.07.2022 10:02

Американските власти испраќаат ново оружје во Украина, во пакетот има и ракетни фрлачи Химарс...

Американските власти испраќаат ново оружје во Украина, во пакетот има и ракетни фрлачи Химарс. Москва со став дека со овој потег Вашингтон тежнее да го пролонгира конфликтот на секој начин.

Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, пак, го напушти состанокот на Г20 водечки економии во Индонезија. На неговите колеги им рече дека руската инвазија на Украина не е одговорна за глобалната криза со гладот и дека санкциите со цел да ја изолираат Русија претставуваат објавување војна. Обвини за вршење притисок на Украина „да користи свое оружје“ во борбите.