Велика Британија

Риши Сyнак ќе се кандидира за наследник на Џонсон

09.07.2022 10:03

Поранешниот министер за финансии Риши Сунак ќе се кандидира за челник на владејачката Конзервативна партија како наследник на сегашниот лидер Џонсон...

Поранешниот министер за финансии Риши Сунак ќе се кандидира за челник на владејачката Конзервативна партија како наследник на сегашниот лидер Џонсон, а со тоа би ја преземал и премиерската функција. Сунак претходно ја објави својата оставка од министерската позиција заедно со колегата министер за здравство Саџид Џавид.

Тој појасни дека неговиот пристап во економијата силно се разликува од оној на Џонсон.