Јапонија

Светските лидери изразуваат сочувство за смртта на Абе

09.07.2022 10:04

Лидери на земји од целиот свет денеска му оддаваат почит на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе...

Лидери на земји од целиот свет денеска му оддаваат почит на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе кој почина откако беше застрелан за време на политичка кампањата два дена пред изборите.

Абе беше лидер со најдолг стаж во Јапонија пред да се повлече во 2020 година од здравствени причини. Абе беше премиер на Јапонија од декември 2012 до септември 2020 година.