Франција
Макрон под притисок поради скандалот со Убер
12.07.2022 09:53
Францускиот претседател Макрон е под притисок да ги објасни своите врски со такси апликацијата „Убер“ во периодот додека бил министер за економија . Опозициските пратеници го обвинуваат за „лобирање во служба на странски приватни економски интереси“...

Францускиот претседател Макрон е под притисок да ги објасни своите врски со такси апликацијата „Убер“ во периодот додека бил министер за економија според извори при истрагата, тој одржал серија непријавени состаноци со првите луѓе на „Убер“ и притоа постигнал „таен“ договор за регулирање на услугите на директна штета на постојните конкуренти.
Опозициските пратеници остро го критикуваа актуелниот претседател, обвинувајќи го за „лобирање во служба на странски приватни економски интереси“.
