Свет

Јапонија се простува од Шинзо Абе

12.07.2022 09:57

Со молитви, цвеќиња и знамиња Јапонија се простува од Шинзо Абе, политичарот со најдолг мандат како премиер. Погребната церемонија е пред централниот будистички храм Зојоџи во Токио...

Со молитви, цвеќиња и знамиња Јапонија се простува од Шинзо Абе, политичарот со најдолг мандат како премиер, кој беше убиен на предизборен митинг минатата недела.

Погребната церемонија е пред централниот будистички храм Зојоџи во Токио. Поворката ќе помине низ центарот на Токио, покрај зградата на парламентот и зградата на владата од која ја водеше нацијата во два мандата како премиер.

Абе ќе биде кремиран на приватна церемонија со најблиските членови од семејството и пријателите.