Зеленски: Одлуката на Канада да ја врати руската турбина во Германија е опасна
Претседателот на Украина, Зеленски, ја оцени како опасна одлуката на Канада да ја врати руската турбина за гасоводот северен тек 1 во Германија. Канада претходно соопшти дека ќе го одобри укинувањето на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија...

Претседателот на Украина, Зеленски, ја оцени како опасна одлуката на Канада да ја врати руската турбина за гасоводот северен тек 1 во Германија.
Канада претходно соопшти дека ќе го одобри укинувањето на санкциите за враќање на поправените руски турбини во Германија, бидејќи му се потребни на „Гаспром“ за да продолжи да работи гасоводот северен тек 1. Инаку Полска ја повика Украина да ја признае како што рече, „срамната вистина“ за тоа како украинските националисти масакрирале над 100.000 Полјаци за време на Втората светска војна.
