Свет
Во Италија кампања за четврта доза од вакцината против Ковид-19
12.07.2022 10:08
Во Италија во јули се зголеми бројот на заразени со коронавирусот. Бројот на заразени на дневна основа минатата недела надмина 100.000 за прв пат од февруари...

Италија наскоро почнува кампања за четврта доза од вакцината против Ковид-19 за лицата над 60 години.
Во Италија во јули се зголеми бројот на заразени со коронавирусот. Бројот на заразени на дневна основа минатата недела надмина 100.000 за прв пат од февруари, а забележан е и раст на бројот на хоспитализирани лица.
