Целосно помрачување на Месечината, или „Крвава Месечина“
11.04.2014 14:38
Целосно помрачување на Месечината според најавите на астрономите ќе се случи во раните утрински часови на 15 април, оваа појава ќе биде видлива низ цела Северна Америка, Нов Зеланд и Пацифик.
Овој настан е почеток на тетрада, ретка појава на четирите лунарни еклипси, а втората е во октомври, а останатите следната година. Лунарната еклипса во април покрај Северна Америка ќе биде видлива и од Нов Зеланд и другите делови на Пацификот.
Помрачување на Месечината е последица на паѓањето на Земјината сенка на нејзиниот сателит.

„Полната Месечина ќе биде малку малку потемна од вообичаеното, а луѓето ќе забележат темна сенка која ќе се движи преку Месечината, а ќе биде со црвенкаста боја“, најавил астрономот Џералд Меккиген од Вселенскиот и научен центар Шабот.
Таканаречената „крвава Месечина“ својата црвена боја ја добива со прекршување на сончевите зраци низ Земјината атмосфера.
Тоа е истиот ефект кој се гледа кога Сонцето ќе прими портокалово-црвенкаста боја во текот за залезот на сонцето.