Постигнат договор во преговорите за извоз на жито
Разговорите меѓу Русија, Украина, Турција и претставници на ОН за продолжување на украинскиот извоз на жито, резултираа со договор за формирање координативен центар за да се гарантира безбедност на рутите...

Разговорите меѓу Русија, Украина, Турција и претставници на ОН за продолжување на украинскиот извоз на жито, резултираа со договор за формирање координативен центар за да се гарантира безбедност на рутите.
Според турскиот министер за одбрана, договорот ќе биде потпишан следната недела кога сите страни повторно ќе се сретнат. Руската,
украинската и турската воена делегација се сретнаа со претставници на ОН, во Истанбул, за да разговараат за продолжување на извозот на украинското жито од главното црноморско пристаниште Одеса, додека се влошува глобалната криза со храна.
