Еквадор

Тринаесет убиени во затворски бунт во Санто Доминго

19.07.2022 10:06

Властите затворското насилство го припишуваат на борбите меѓу ривалските банди, коишто настојувањата за контрола над територии и рути за трговијата со наркотиците често ги префрлаат и во затворите...

Најмалку тринаесет затвореници се убиени во бунт во затвор во Санто Доминго во Еквадор. Уште две лица биле ранети.

Властите затворското насилство го припишуваат на борбите меѓу ривалските банди, коишто настојувањата за контрола над територии и рути за трговијата со наркотиците често ги префрлаат и во затворите.