Египет

Загинати и повредени во сообраќајна несреќа во Египет

19.07.2022 12:13

Несреќата се случила кога патнички автобус удрил во запрен камион на автопатот што го поврзува главниот град Каиро со јужниот дел на земјата...

Најмалку 22 лица загинаа, а триесетина се повредени во сообраќајна несреќа во близина на јужната египетска провинција Миња. Несреќата се случила кога патнички автобус удрил во запрен камион на автопатот што го поврзува главниот град Каиро со јужниот дел на земјата.

Илјадници луѓе во Египет годишно гинат во сообраќајни несреќи главно предизвикани од лошите патишта или лошото спроведување на сообраќајните закони.