СЗО
Предупредување поради ширење на Омикрон
19.07.2022 14:12
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге ги повика земјите да преземат итни мерки, за да избегнат преоптоварување на здравствените системи...

Со оглед на тоа што вирусот Омикрон се шири во Европа, земјите треба да го забрзаат прифаќањето на вакцините и да го вратат носење маски, за да избегнат построги ограничувања, како што се приближуваат есента и зимата, предупреди Светската здравствена организација.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге ги повика земјите да преземат итни мерки, за да избегнат преоптоварување на здравствените системи, бидејќи Омикрон БА.5, продолжува да се шири.
