Велика Британија
Пожари во Лондон, прогласена вонредна состојба
20.07.2022 10:03
Вонредна состојба во Велика Британија. Рекордните високи температури предизвикаа проблеми во сообраќајот и секојдневието на Британците...

Вонредна состојба во Велика Британија. Рекордните високи температури предизвикаа проблеми во сообраќајот и секојдневието на Британците. Делови од земјата се без струја.
Серија пожари се регистрирани низ Лондон. Итните служби се под притисок. Се повикуваат луѓето да бидат особено внимателни. Температурата од 40 степени целзиусови, највисока досега ги деформираше дури и железничките пруги.
