Европа
Топлотен бран над Европа, пожарите не стивнуваат
20.07.2022 10:04
Повеќе од триесет пожари сè уште се активни во делови на Шпанија. Две лица загинаа додека се бореа со огнената стихија...

Повеќе од триесет пожари сè уште се активни во делови на Шпанија. Две лица загинаа додека се бореа со огнената стихија. Во провинцијата Замора се евакуирани повеќе од шест илјади луѓе од 32 села.
Тензично е и во Грција. Североисточно од Атина пожарот им се заканува на куќи. На стотици луѓе им беше наредено да ги напуштат своите домови. Проблем за пожарникарите е силниот ветер кој ги разгорува пожарите.
