САД најави нов пакет оружје за Украина
Русија се подготвува да анектира украинска територија и има намера да назначи нелегитимни функционери што и се блиски во подрачјата под своја контрола, соопшти Белата куќа.

Русија се подготвува да анектира украинска територија и има намера да назначи нелегитимни функционери што и се блиски во подрачјата под своја контрола, соопшти Белата куќа.
Според портпаролот на Националниот совет за безбедност, Џон Кирби Русија се подготвува и да ја воведе рубљата како валута и да го принуди населението да поднесе барање за државјанство.
САД во следните денови ќе најават нов пакет оружје за Украина, што се бори со руските сили во источниот дел на земјата. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека е формирана специјална комисија за контрола на употребата на оружјето доставено до Украина за борба против руските сили.
