Кина
Во Кина расте бројот на Ковид заболени
20.07.2022 10:05
Коронавирусот во Кина не стивнува. Според кинеската Национална здравствена комисија, првпат од 20-ти мај бројот на заболени дневно е над илјада...

Коронавирусот во Кина не стивнува. Според кинеската Национална здравствена комисија, првпат од 20-ти мај бројот на заболени дневно е над илјада.
Во главниот град Пекинг е пријавен еден нов локален симптоматски случај, кој ден претходно беше пријавен како асимптоматски. Пет нови локални симптоматски случаи се идентификувани во Шангај, во споредба со само еден ден порано.
Асимптоматските случаи биле 10 во споредба со 19 претходниот ден.
