Европа

Фон дер Лајен: Во Европа зимава никој нема да смрзне

24.07.2022 13:18

Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен изјави дека рускиот претседател Путин нема да успее да ги уцени снабдувачите со енергија, нагласувајќи дека никој во Европа нема да смрзне зимава...

Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен изјави дека рускиот претседател Путин нема да успее да ги уцени снабдувачите со енергија, нагласувајќи дека никој во Европа нема да смрзне зимава.

Во интервју за виенски „Курир“ истакна дека Путин од почетокот на војната во Украина се обидува да ја уценува и да ја подели Европа со залихи на енергија.

Комисијата со загриженост ги набљудува последиците од високите цени на енергетските постројки и има на располагање голем број можни контрамерки, вели Фон дер Лајен.