САД
Шумски пожар близу паркот „Јосемити“
24.07.2022 13:25
Шумскиот пожар во близина на Националниот парк „Јосемити“ во САД, најголем во Калифорнија годинава, предизвикувајќи евакуации на илјадници лица и исклучување на струјата на повеќе од 2 илјади домови и деловни објекти...

Шумскиот пожар во близина на Националниот парк „Јосемити“ во САД, најголем во Калифорнија годинава, предизвикувајќи евакуации на илјадници лица и исклучување на струјата на повеќе од 2 илјади домови и деловни објекти.
Пожарот се појави во петокот попладне, југозападно од паркот и зафати речиси 38 квадратни километри со густа дабова шума и ниска вегетација.
Голем број патишта се затворени, вклучувајќи го и еден од главните патишта што водат до паркот „Јосемити“. Огнот се движел брзо, фрлајќи жар и до три километри пред него.
