Видео: Целосно затемнување на Месечината 15.04.2014

15.04.2014 11:19

За жал, целосното затемнување на Месечината што почна денеска во 9 и 45 минути по наше време, неможеше да се види од нашите краеви. За тоа не е виновно облачното време, туку се должи на нашата географска позиција.

Целосното затемнување  на Месечината беше видливо од Северна и од Јужна Америка како и од Австралија, додека од некои делови од Азија, Африка и од Европа затемнувањето се виде само делумно.

Според астролозите, ова е првото затемнување на Месечината годинава. Земјиниот природен сателит прво ја промени бојата од светло портокалова во пурпурно црвена, а потоа во светло кафена.

Месечината беше црвена 28 минути. Денешното затемнување на  Месечината е прво во низата од 4 вакви појави што треба да се случат во текот на  наредните две години.

Мирјана  Василева