Хрватска

Приведен капетанот на бродот кој што удри и потона кај пристаништето во Сплит

24.07.2022 16:02

Туристички брод со патници удрил во сплитското западно крајбрежје. Капетанот кој бил приведен бил во алкохолизирана состојба...

Туристички брод со патници удрил во сплитското западно крајбрежје. Капетанот кој бил приведен бил во алкохолизирана состојба.

На бродот имало 50 патници и сите успеале да се симнат од бродот. Нема повредени. Бродот подоцна потонал.

На местото на настанот излегле пожарникари, вработени во капетанијата на пристаништата и полициски службеници. Во тек е истрага спроведена од капетанијата на пристаништата.