Евровизија

Велика Британија ќе биде домаќин на Евровизија 2023

25.07.2022 14:51

Како што јави Би-би-си, одлучено е дека настанот не може да се одржи во годинашната победничка земја Украина поради тековната војна. Велика Британија годинава беше втора, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) почна разговори со британската радиодифузна компанија...

Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, потврдија денеска организаторите.

Како што јави Би-би-си, одлучено е дека настанот не може да се одржи во годинашната победничка земја Украина поради тековната војна. Велика Британија годинава беше втора, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) почна разговори со британската радиодифузна компанија.

Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин, но и Глазгов (Шкотска) и Манчестер (Англија), изразија подготвеност.