Сите почести за Вињегард
Ако минатата година неговиот настап беше подреден на поддршка на Роглиќ, откажувањето на словенецот на годинашниот Тур Д Франс ширум му ги отвори вратите на Вињегард да го демонстрира својот несомнен квалитет и второто место од минатогодишното издание да го преточи во победа на најпрестижната трка...

И повеќе од заслужено. Го победи двојниот победник Тадеј Погачар на најтешките етапи, ги освои Алпите и Пиринеите, демонстрира доминација и на Хронометарот. Ако минатата година неговиот настап беше подреден на поддршка на Роглиќ, откажувањето на словенецот на годинашниот Тур Д Франс ширум му ги отвори вратите на Вињегард да го демонстрира својот несомнен квалитет и второто место од минатогодишното издание да го преточи во победа на најпрестижната трка.
Иако се чинеше дека по победите на 6-тата и 7-та етапа Погачар ќе нема проблеми за трета победа во серија,11-тата етапа ја покажа вистинската моќ на Вињегард. Неколкуте култни искачувања почнувајќи од кол Ди Гранон за прв пат по 1986-тата кога Грег Ле Монд му ја одзеде жолтата маичка на Бернар Ино, преку Кол Ди Телеграв со финиш на Алп Дуез донесоа пресврт во трката,прва етапна победа на Тур д Франс во кариерата на Вињегард и најважно-преземање на жолтата маичка што данецот како што се покажа ќе ја задржи до крајот.
Беше јасно и дека Погачар нема да се откаже. Напаѓаше на неколку од следните етапи, но беше неутрализиран од данецот за на 18-тата етапа што беше и последна шанса за словенецот да видиме нов дуел еден на еден, победа за конечен триумф на Вињегард, но и ферплеј откако по падот на противникот почека за на патеката да покаже дека е подобар во моментот. Можноста за трета етапна победа на Вињегард беше индивидуалниот хронометар, но свесно му ја отстапи на човекот од кој имаше голема тимска поткрепа белгиецот Вут Ван Аерт кој на крајот заврши во зелената маичка како најдобар во поени на спринтовите, Погачар во бело за најдобар млад велосипедист, а жолтата маичка за севкупен победник Вињегард ја потврди и со точкастата за најдобар и на ридските цели.