Атлетика

Дуплантис и Амусан ги поместија границите

25.07.2022 20:23

Највредниот резултат на завршниот ден на светското првенство во атлетика го постигна 22 годишниот шведски атлетичар Арманд Дуплантис кој постави нов светски рекорд во дисциплината скок со стап...

Највредниот резултат на завршниот ден на светското првенство во атлетика го постигна 22 годишниот шведски атлетичар Арманд Дуплантис кој постави нов светски рекорд во дисциплината скок со стап. Новата граница која ја постави олимпискиот шампион од Токио сега е на 6 метри и 21 сантиметар. Не помалку вредно остварување на 100 метри со пречки. Најдобра беше Тоби Амусен од Нигерија минувајќи ја патеката во финалето за 12 секунди и 6 стотинки-време на нов светски рекорд што поради недозволениот бетар не беше признаен, па остана нејзиното претходно рекордно остварување 12.12 од пред само час и половина во полуфиналето.

Традиционално штафетите на 4 пати по 400 метри го затворија шампионатот, а во нив американска доминација. Годвин, Норман, Дедмон и Алисон беа во составот на американската штафета која со 2.56.17 убедливо триумфира пред штафетите на Јамајка и Белгија и го освои 11-тото светско злато во дисциплината, додека во женска конкуренција Дигс,Стајнер, Вилсон и Меклафлин и донесоа триумф на американската штафета пред Јамајка и Британија. Во скок со стап во женска конкуренција триумфира Малаико Михамбо од Германија со најдобар резултат сезонава 7 метри и 12 сантиметри, Олимписката шампионка на 800 метри Атинг Му од соед.ам.држави се закити и со светско злато, а во машка конкуренција и Јакоб Ингебритсен од Норвешка олимпиското го потврди и со светско злато, додека во десетобој триумфира Кевин Меиер од Франција со најдобар резултат сезонава 8816 поени.

На листата на освоени медали на крајот американските атлетичари убедливи со 33 одличја од кои 13 златни, 9 сребрени и 11 бронзени, Етипија,Јамајка и Кенија освоија по 10 медали, Етиопија 4 златни, Јамајка и Кенија по 2. По два златни медала освоија и атлетичарите од Кина,Австралија и Перу.