Американскиот државен секретар Блинкен подготвен да разговара Лавров
Блинкен на прес-конференција во Стејт департментот појасни дека претседателот Бајден е директно вклучен во преговорите, како и оти го потпишал предлогот за размена...

Администрацијата на САД понудила размена на затвореници со Москва.
Блинкен на прес-конференција во Стејт департментот појасни дека претседателот Бајден е директно вклучен во преговорите, како и оти го потпишал предлогот за размена. Меѓудругото, Блинкен на прес-конференција истакна дека извештаите на Белата куќа нотирале над 75 илјади руски војници кои се убиени или ранети во војната во Украина.
За прв пат од почетокот на војната, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, сака да разговара со својот руски колега Сергеј Лавров. Од руското МНР велат дека нема официјално барање за таков разговор. Наместо да го користи „мегафонот“ за дипломатија,
Вашингтон треба да се придржува кон дипломатската практика, порача Москва.
