Руско-украински конфликт

Руските трупи се прераспоредуваат на југот на Украина

28.07.2022 10:11

Секретарот на Советот за безбедност изјави дека прераспоредувањето се одвива во правец на регионите Керсон, Мелитопол и Запорожје, а русите внесуваат дополнителни сили...

Претставник на украинската одбрана изјави дека руските трупи се ангажирани во прераспоредување на југот на земјата, вклучително и во областа каде што Украина започна контраофанзива.

Секретарот на Советот за безбедност изјави дека прераспоредувањето се одвива во правец на регионите Керсон, Мелитопол и Запорожје, а русите внесуваат дополнителни сили. Официјален претставник од Русија во градот Керсон претходно изјави дека мостот преку реката Днепар во украинскиот град под руска контрола е затворен.

Официјални лица од двете страни претходно потврдија дека бил погоден од украински воздушен напад.