Ким подготвен да употреби нуклеарно оружје во евентуален воен конфликт со САД и Јужна Кореја
Пјонгјанг ги обвини САД дека ја демонизираат. Во својот говор, Ким го опиша јужнокорејскиот претседател како, опседнат со конфронтација, обвинувајќи го дека оди уште подалеку од неговите претходници...

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг УН предупреди дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје во евентуален воен конфликт со САД и Јужна Кореја. Пјонгјанг ги обвини САД дека ја демонизираат. Неговата земја и на тој начин ја правдаат својата непријателската политика кон неа.
Во својот говор, Ким го опиша јужнокорејскиот претседател како, опседнат со конфронтација, обвинувајќи го дека оди уште подалеку од неговите претходници. Изјавата на севернокорејскиот претседател е во време кога Пјонгјанг ја одбележува 69-годишнината од крајот на корејската војна, а во услови кога Вашингтон и Сеул изведуваат летни воени маневри.
