Франција
Се шири пожарот во југозападна Франција
28.07.2022 10:31
Пожарот во југозападниот дел на Франција се прошири до долината на реката Ардеш. Зафатени се 750 хектари. Локалното население е евакуирано, соопштија властите...

Пожарот во југозападниот дел на Франција се прошири до долината на реката Ардеш. Зафатени се 750 хектари.
Локалното население е евакуирано, соопштија властите. Утринава, евакуирани се две фабрики во градот Лавилди, како и прифатилиште за животни и кампови. 450 пожарникари се ангажирани во гаснењето на пожарот и евакуацијата на загрозените.
Според властите пожарот најверојатно е подметнат.
Претходно овој месец, шумските пожари изгореа повеќе од 20.000 хектари во југозападна Франција.
