Три медали за македонските каратисти
31.07.2022 18:20
Машкиот тим беше најдобар во борби, а во него се најдоа Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски.

По големата фрекфенција со успешни резултати во македонското карате, изгледа дека настана сушен период, па затоа за одбележување се трите медали на Македонија на Универзијадата во Лоѓ, Полска.
Машкиот тим беше најдобар во борби, а во него се најдоа Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски. Давид Петков освои и поединечно злато, а Ангела Мојсовска се закити со бронза.