Илиевски трет, Поп Ацев четврти во водите на Сен Жан

31.07.2022 18:22

Македонските маратонски пливачи секогаш држат чекор со светската елита, па нема причина да не бида така и годинава...

Македонските маратонски пливачи секогаш држат чекор со светската елита, па нема причина да не бида така и годинава.

Александар Илиевски беше трет, а Евгениј Поп Ацев четврти на првата ултрамаратонска трка во натпреварувачката 2022-ра, на езерото Сен Жан во Канада.

Триумфираше Италијанецот Едуардо Стокино, кој беше единствен со време под седум часа, а на целта не стигна аргентинецот Дамијан Блаум, нашиот познаник од Охридскиот маратон.