Успешен ден за Македонија на шаховската Олимпијада
Ѕвонко Станојоски, Емил Ристески, Тони Лазов и Андреј Велјановски ремизираа на четирите табли за вкупен ефект од две победи, два пораза и една нерешена досега и за 88-мо место на табелата од 188 учесници.

Македонските шахисти одиграа нерешено со Велс во петтото коло на Олимпијадата во индискиот град Ченаи. Ѕвонко Станојоски, Емил Ристески, Тони Лазов и Андреј Велјановски ремизираа на четирите табли за вкупен ефект од две победи, два пораза и една нерешена досега и за 88-мо место на табелата од 188 учесници.
Дамите го совладаа Тајланд со 3-1, со победи на Ивана Манова на првата и на Леа Ефтовска на третата табла. Половина поен освоија Драгана Николовска и Моника Жежовска. Македонскиот женски состав е 74-ти во конкуренција на 162 селекции на 44-тата шаховска Олимпијада.