Свет
Во Италија вклучен аларм поради нилска треска
04.08.2022 09:45
Во областа Падова, во регионот Венето, се констатирани 49 случаи. Во Венеција почина постара жена, а хоспитализирани се 12 вирусно-позитивни пациенти...

Расте загриженоста во Италија поради големиот број заразени со вирусот западен Нил.
Во областа Падова, во регионот Венето, се констатирани 49 случаи. Во Венеција почина постара жена, а хоспитализирани се 12 вирусно-позитивни пациенти.
Нилската треска се пренесува преку заразени комарци. Во моментов, не постои специфична профилакса или третман против болеста кај луѓето, па им се препорачува употреба на средства против убоди од комарци и престој во средини заштитени со мрежи.
