Свет

Американскиот Сенат го одобри приемот на Финска и Шведска во НАТО

04.08.2022 10:29

Предлогот помина со 95 гласа „за“ и само еден против, откако поддршка дадоа сенаторите и од Демократската и од Републиканската партија. Остануваат уште седум од вкупно 30-те членки на НАТО кои сè уште не ги ратификувале протоколите: Чешка, Грција, Туркије, Унгарија, Португалија, Словачка и Шпанија...

Американскиот Сенат го одобри влезот на Финска и Шведска во НАТО. Со тоа, Соединетите Американски Држави станаа 23-та членка на Алијансата којашто ги ратификуваше протоколите за пристапувањето на двете земји во сојузот.

Предлогот помина со 95 гласа „за“ и само еден против, откако поддршка дадоа сенаторите и од Демократската и од Републиканската партија.

Остануваат уште седум од вкупно 30-те членки на НАТО кои сè уште не ги ратификувале протоколите: Чешка, Грција, Туркије, Унгарија, Португалија, Словачка и Шпанија.

Нашата држава беше 19-тата, чијшто парламент даде зелено светло за пристапувањето на Финска и Шведска во Алијансата. Нашето Собрание ги ратификуваше протоколите на 27-ми јули со 105 гласа „за“ и два „против“.