Татјана Лазаревска победник на „Цветници“
16.04.2014 10:23
Публиката преку смс пораки го одлучи победникот на 15-тото издание на фестивалот за фолк песни „Цветници“...

„Љубовен жар“ на Татјана Лазаревска е песната која освои 432 гласа и ѝ донесе награда од 900.000 денари, односно 15.000 евра.
Песната е дело на Драги Станков, а текстот на Огнен Неделковски.
Младиот пејач Кирил Митовски го освои второтo место и 10.000 евра, а третото место вредно 5.000 евра му пропадна на Ристо Краповски.
Наградата за животно дело годинава му е доделува на Благоја Десковски, композитор, инструменталист и долгогодишен раководител на Народниот Оркестар на Македонската Радио Телевизија.