Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст

09.08.2022 09:54

Оливија се бореше со ракот на дојката повеќе од 30 години.

Aктерката Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

Сопругот на Оливија, Џон Истерлинг, вели дека таа починала во сон на нејзиниот ранч во Јужна Калифорнија во понеделникот наутро, опкружена со семејството и пријателите.

Оливија се бореше со ракот на дојката повеќе од 30 години.

Таа постигна голем успех во 1971 година со песни како „If Not for You“ и во 1973. „Let Me Be There“.  Таа продолжи да бележи успеси и со хитовите како „Have You Never Been Mellow“. Голем успех ѝ беше и филмот „Grease“ во 1978 година, кога глумеше заедно со актерот Џон Траволта.

Во тажната објава за нејзината смрт, семејството побара наместо цвеќе, парите да се донираат за нејзината организација за борба против ракот.