Напредниот начин на скенирање од апликацијата МојДДВ достапен и на Google playstore
Управата за јавни приходи, исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година...

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Google playstore. Корисниците на апликацијата, треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на Google playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.
Управата за јавни приходи, исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk.
