ИРАК

Жртви во немирите во Багдад

30.08.2022 10:48

Полицијата интервенираше со куршуми и солзавец. Садр најави дека се повлекува од политиката и ги затвора своите инситутции. САД и ОН повикаа на воздржаност и дијалог за решение за политичките спорови.

Над 10 лица загинаа, а речиси 300 се ранети во Зелената зона во Багдад откако стотици приврзаници на влијателниот шиитски свештеник Муктада ал-Садр упаднаа во владините згради. Воведен е и полициски час поради ескалирањето на тензиите со противничките шиитски групи, кои се поддржани од Иран.

Полицијата интервенираше со куршуми и солзавец. Садр најави дека се повлекува од политиката и ги затвора своите инситутции. САД и ОН повикаа на воздржаност и дијалог за решение за политичките спорови.

Политичката криза во Ирак почна откако партијата на Садр освои најмногу пратеници на парламентарните избори во октомври, кои не беа доволни за да формира влада.

Тој одбиваше да разговора со шиитските ривали поддржани од Иран, што доведе до политичка несигурност.