САД

Пукање во супермаркет во Орегон, има мртви

30.08.2022 11:05

Напаѓачот не беше застрелан од полицијата. Пукањето почнало уште на паркингот пред објектот...

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркет во трговски центар во американската сојузна држава Орегон. Меѓу нив е и напаѓачот, но тој не беше застрелан од полицијата. Пукањето почнало уште на паркингот пред објектот.

„Лицето продолжило да пука во продавницата. Усмртил второ лице. Полицијата пристигна веднаш, додека траеја пукотниците. Напаѓачот е најден во објектот каде што беше пронајдена и пушка АР-15. Полицијата не пукаше на местото на настанот“, изјави Мајк Кранц, шеф на полицијата.

Во тек е истрага.