Рaсте напнатоста во Украина

17.04.2014 15:30

Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата со која се осудува притисокот кој Русија го врши врз источниот дел на Украина

Судбината на земјата е  се уште неизвесна.  Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата со која се осудува притисокот кој Русија го врши врз источниот дел на Украина.Рускиот претседател Путин изјави дека се бесмислени  тврдењата за воено учество на Русија во источниот дел на земјата и додаде дека денешните  преговорите во Женева се многу важни.

- Место да почнат со дијалог, властите во Украина се закануваат дека ќе употребат сила. Денешните разговори во Женева се многу важни, со договор може да се надмине тешката состојба во која се наоѓа земјата. - Владимир Путин претседател  на Русија

Американскиот претседател Обама со закана дека ќе ги заостри санкциите кон Русија, доколку денеска не дојде до решение на кризата.

- Секогаш кога Русија ќе превземе чекори, кои што ја дестабилизираат Украина ќе има санкции за неа. Барак Обама претседател на САД

Во обид да најдат решение по мирен пат, денеска во Женева ќе се сретнат претставници на САД, Русија, Украина  и Европската Унија. Во меѓувреме медиумите јавуваат дека украинските сили убиле тројца проруски демонстранти. Тринаесет се повредени. Според украинскиот министер за внатрешни работи Арсениј Аваков нападот се случил во текот на ноќта и во него учествувале околу 300 лица вооружени со пушки и со молотови коктели. Во Доњецк оружена група ја завземала канцеларијата на градоначалникот.

Марија Петковска